Шпанскиот мотоциклист Марк Маркес ќе паузира најмалку шест месеци, откако вчера, во Мадрид, по трет пат го оперираше рамото.
Операцијата на рамото беше сложена и траеше пет часови. Докторите поставија нова плочка во рамото од Маркес која подобро ќе ги спојува скршените коски. – стои во соопштението од тимот на Маркес.
Маркес, рамото го повреди во несреќа на патеката Херес, на стартот од новата сезона во Мото ГП. Шпанецот ја пропушти тековната, а ќе отсуствува на дел од трките во следната сезона
27-годишниот шпански мотициклист осум пати се искачил највисоко на тронот. Еднаш триумфирал во класата до 125 кубици, еднаш во Мото ГП 2 шампионатот и дури шест пати во „кралската класа“.
OhridNews