Латино пејачот Марк Ентони се забавува со Клио Грин. Откако се развел од Џенифер Лопез, Марк е во прегратките на девојка која е 23 години помлада од него и која е ќерка на сопственикот на модниот бренд „ТопШоп“. По се изгледа тој се огледал на својата поранешна сопруга, која е со 12 години помладиот Каспер Смарт. Во прашање е ќерка на неговиот пријател Кло Грин. Кло дизајнира чевли, а исто така е и главна ѕвезда на реалното шоу “Made in Chelsea”.
Марк и Клио се запознале на отварањето на нова продавница на неговиот пријател, таткото на неговата сегашна девојка. На отворањето била и Џенифер Лопез со своето момче. Марк бил виден во вторникот како своите близнаци, чија мајка е Џеј Ло, ги запознава со својата нова девојка.