Американскиот сајт TMZ ексклузивно дознал зошто Марк Ентони чекал девет месеци од раскинувањето како би поднел барање за развод на бракот. Пејачот се надевал дека ќе се смири со Џенифер Лопез и дека ќе добие уште една шанса. Марк Ентони одлучил да ги предаде документите за развод кога Џенифер му рекла дека е лудо вљубена во Каспер Смарт.
Парот пред неколку седмици сериозно и искрено разговарал за својата врска и тогаш Марк и рекол дека сака тие двајца да се обидат уште еднаш да го спасат бракот. Сепак, пејачката му рекла дека тоа е невозможно бидејќи таа сака да биде со новото момче. Марк со тоа бил многу повреден бидејќи немал идеја дека врската помеѓу Џенифер и Каспер е всушност сериозна.