Пејачот Марк Ентони одлучил да му покаже на целиот свет колку ја сака својата нова девојка. Во чест на Шенон де Лима го истетовирал Кипот на слободата на внатрешноста од зглобот на десната рака. По пропаѓањето на неговиот брак со Џенифер Лопез, Марк Ентони нашол утеха во прегратките на венецуелскиот модел Шенон де Лима, која во една негова порака на Твитер ја нарекол Кип на слободата.
Наместо тетоважата „Џенифер“ која ја имал на десната рака, итетовирал реплика на кипот на слободата, во шест на слободата која ја пронашол со Шенон. Изгледа дека во последни време Марк Ентони и Џенифер Лопез се натпреваруваат во тоа кој повеќе го сака својот нов партнер. Џеј Ло, која е во врска со младиот Каспер Смарт, неодамна на Твитер ставила порака во која навела дека вистинската љубов не знае за години.