Откако го посетила поранешната сопруга Џенифер Лопез, Марк Ентони ја прекинал едногодишната врска со моделот Шенон де Лима. Менаџерката на Марк Ентони рекла дека им било одлично заедно, но едноставно повеќе не функционирале.

До прекинувањето дошло откако Џенифер го посетила Марк во неговата хотелска соба. Ентони од хотелот излегол со наведната глава. Набрзо после тоа ја оставил Шенон.