Популарниот пејач Марк Ентони и неговата 23 години помлада девојка Клои Грин се разделиле поради недостаток на време за врската. Парот почнал да се забавува во февруари 2013 година, а Клои е ќерка на пријателот на Марк Филип и наследничка на ланецот Топшоп.

Само два месеци по заедничкото патување во Сент Тропе Марк одлучил да раскинат. Извор за медиумите навел дека тоа е повеќе пауза отколку раскинување. Едноставно немале време да се гледаат. Инаку, Клои е 23 години помлада од Марк и само две години постара од неговата најстара ќерка Аријана, и немала проблем да го запознае момчето со својот татко бидејќи тие биле пријатели со години.