Поранешниот сопруг на пејачката Џенифер Лопез, Марк Ентони, ја прекинал врската со Клои Грин, ќерката на сопственикот на брендот „Топшоп“. Ентони ќерката на Филип Грин ја оставил само неколку седмици откако се вселила во неговата вила во Мајами.
Пејачот со дизајнерката која има 22 години започнал да излегува во февруари, а таа била само три години постара од најстарата ќерка на Марк. Медиумите пренесуваат дека по раскинувањето Клои отишла со другарките на одмор за што побрзо да ја преболи разделбата.