Џенифер Лопез решила по разводот да сврти нова страница, меѓутоа, нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони не можел да се помири со фактот дека ја изгубил, па очајнички се обидувал да ја врати. Како што пренесуваат американските таблоиди, Марк бил толку скршен по разводот што секој час го менувал расположението и мислењето за неговата поранешна сопруга.
Еден од пријателите на парот изјавил дека во еден момент буквално ја моле Џенифер да се смират, а веќе во наредниот ја обвинувал дека му го уништила животот. И додека Марк пати, како што раскажуваат пријателите на пејачката, таа се препородила и уживала во животот повеќе од кога и да е.