Марк Ентони и рекол на својата поранешна сопруга Џенифер Лопез дека би требало да посети психијатар поради својата неспособност да биде сама. Марк на својата поранешна сопруга и замерил за тоа што влегува од една врска во друга. Ентони се жалел и дека не ги гледа доволно своите близнаци и рекол дека сака со нив да минува повеќе време.
Меѓутоа, вистинската причина за гневот на Марк, најверојатно е врската на Џенифер со младиот Каспер. Наводно нивната врска преминувала во нешто сериозно, па Марк бил многу бесен поради тоа.