Познатите музички ѕвезди и поранешни сопружници, Марк Ентони и Џенифер Лопез одлучиле да се смират и да ги поправат своите односи. Пред самиот развод едвај комуницирале, додека сега соработуваат како најдобри пријатели.

За евентуално помирување и на љубовен план засега е тешко да се зборува, бидејќи Џенифер е во врска со младиот Каспер Смарт, а Марк Ентони со манекенката Шенон де Лима, поради која ја истетовирал статуата на слободата на својата десна рака.