Пејачот Марк Ентони до врховниот суд во Лос Анџелес поднел барање за развод на бракот. Иако уште минатата година објавил дека се разделил со пејачката Џенифер Лопез после седум години брак, Марк конечно решил и официјално да стави точка на заедничкиот живот. Како причина за разводот ги навел непремостливите разлики и побарал заедничко старателство над нивните четиригодишни близнаци Макс и Ема.

Инаку, Џенифер и Марк по разводот се во лоши односи. Јавно ја користат секоја можност за препирање, а најголема причина за тоа е што обајцата пронашле нови љубовни партнери. На Џенифер, која моментално е во врска со 17 години помладиот танчер Каспер Смарт, ова и е трет пат да се разведува.