Охриѓанецот Марјанчо Лазаревски достојно ја престави Македонија на 20-то Светско Текводно ИТФ првенство за сениори кое се одржа од 15 до 21 септември во Пјонгјанг-Северна Кореја. Претседателот на ИТФ од Македонија беше еден од 70-те преставници кои доаѓаа од своите земји ширум светот.

Организираноста на натпреварите и општо самиот настан и разменувањето на искуства со колегите од моќните колективи во колевката на теквондото ќе останат во вечно сеќавање на Лазаревски. 

– Иако поради политичката ситуација во светот во врска со Северна Кореја, не беа дојдени претсатвници од Јужна Америка, сепак учествуваа најдобрите борци на светов и имавме прилика да гледаме спектакуларни борби, од кои застанува здивот. Северна Кореја е мајка на теквондото и домаќините дадоа се од себе да се престават во најубаво светло. Најмногу бев изнендаден од Историскиот музеј на теквондото, каде има карта од целиот свет, и на таа карта, означени сите држави на светов каде има ИТФ, а во нив стои напишана и нашата држава под уставно име. – истакна Лазаревски.

Учеството на Светското првенство е награда за Лазаревски и охридското теквондо за 25-годишниот јубилеј кој го прославува годинава.

OhridNews