Македонскиот вицешампион, Куманово запиша нови бодови на табелата во Првата лига победувајќи го Охрид со убедливи 96-66 во третата рунда од првенството.


Гостинскиот стратег Марјан Србиноски им замери на своите играчи за слабата и незаинтересираната игра во првиот дел кој го добија со серија 9-0 во финишот.

– Покажавме квалитет второ полувреме, додека првото не одигравме ништо. Играчите како да не беа присутни на теренот, но се` се поправи во второто полувреме. Бодовите од овој меч ги планиравме, но немаме многу време за славење и опуштање, бидејќи за 48 часа не очекува меч во БИБЛ лигата со Приштина. – рече Србиноски.

Куманово и сезонава се очекува да биде меѓу екипите кои ќе се борат за највисокиот трон во елитната кошарка.

Кошарка 1 лига: Куманово ги однесе бодовите од Охрид

OhridNews