Организираторот на игра во АВ Охрид, Марјан Младеновиќ го напушти клубот и го засили составот на Радовиш.
Популарниот „Фока“ ги помина потребните лекарски прегледи и му се приклучи на новиот тим кој со големи амбиции се натпреварува во Втората лига.
Младеновиќ во охридскиот состав дојде минатата сезона по оформувањето на клубот и беше дел од екипата која се прошета во Втората лига победувајќи на 17 од 18 натпревари.
Заминувањето на Младеновиќ е вкупно трето од охридскиот состав. Претходно заминаа Дарко Димковски и рускиот интернационалец Дмитри Некрасов.
OhridNews