На пригодна свеченост по повод Денот на полицијата – 7-ми Мај, на најдобриот полицаец во Охрид,Марјан Милошески, денеска ќе му биде врачена наградата (телевизор) што традиционално ја доделува општината Охрид.
Наградата ќе ја врачи претседателот на Советот на Општина Охрид, Владо Чингоски. По повод денот на полицијата во просториите на СВР Охрид ќе се одржи прием на кој пригодни награди ќе им бидат доделени на полицајците со работен стаж од 20 години.
ohridnews