Фудбалерот на Милан Марио Балотели, кој има 22 години, на крајот на годинава ќе заплови ви брачните води. Ја запросил својата девојка, белгиската манекенка Фани Негуеша, со која е во врска шест месеци. Убавата Фани се пофалила со фотографија на Инстаграм, каде го покажала вереничкиот прстен вреде 100 илјади фунти.

Под фотографијата напишала дека е офоцијално и дека многу и се допаѓа. Да потсетиме, пред Фани Марио бил во врска со Рафаела Фико, која ја родила ќерката Пиа. Фудбалерот не ја признал, тврдејќи дека Пиа не е негова ќерка и рекол дека ќе побара да се направи тест за татковство.