Марио Балотели ја оставил вереницата Фани Негуша и тоа поради манекенка на која фрлил око штом пристигнал во Ливерпул. Имено, иако Фани важи за најубава меѓу девојките и жените на фудбалерите, изгледа дека тоа не му било доволно на Марио. Фудбалерот неколку пати ја прекинувал врската со својата вереница, но изгледа овој пат е дефинитивно крај.

Како што пренесуваат британските медиуми, фудбалерот на големо се фали кај своите пријатели дека започнал романса со една манекенка. Извор за британскиот таблиод „Сан“ раскажал дека Марио им кажал на своите пријатели дека се разделил од Фани. Се фалел дека веќе има нова жена во својот живот, како и дека е во прашање популарна манекенка. Дефинитивно, манекенките се негов омилен тип девојки.