Напаѓачот на “Манчестер Сити” Марио Балотели сеуште ужива во летото додека неговите соиграчи напорно се припремаат за почетокот на новата сезона. Откако пристигнал на островот одлучил да посети еден од популарните клубови во кој “налетал” на Париз Хилтон па одлучиле дел од вечерта да ја поминат заедно.
Медумите гледаат сличност помеѓу Балотели и Кристијано Роналдо кој пред неколку години иако бил во врска тоа не го запрело да помине луда ноќ во Америка во придружба на Париз Хилтон.