Капитенот на победничкиот состав, Марин Мариновиќ беше прогласен за најкорисен кошаркар на турнирот „Охрид трофеј 2013“. Тој во финалето против МЗТ Скопје уфрли 18 поени, а запишата уште шест асистенции и четири скокови.
– Одигравме два одлични натпревари против квалитетни противници на турнирот во Охрид. Освојувањето на првото место нека биде добра најава за сезоната која е пред нас. Се надевам дека турнирот ќе прерасна во традиција и наредната година ќе дојдеме да ја обраниме круната – истакна Мариновиќ.
Најпрецизен во финалниот натпревар беше Тодор Гечевски со 26 поени, но и тоа не беше доволно за тимот на МЗТ Скопје да го подигне победничкиот пехар.
Мх.П.
Фото: Емилио