Македонската пливачка Симона Маринова, членка на ПК “Младост”, на 30. јубилејно издание на “Илинденскиотмаратон”, кој викендов се пливаше од Горица до Охрид, во должина од 2,5 км, со неполни 16 години, односно пливаше во групата на помлади натпреварувачи, го освои пехарот за најдобра во женска конкуренција со резултат од 28,24 мин, со што го повтори успехот од минатата година.


Воедно времето на Симона беше трет резултат на трката, воопшто. Тоа водно значи дека Маринова во генерален пласман го освои 3. место зад Евгениј Поп Ацев (26,44 мин) и зад Александар Илиевски (27,59 мин.), кои пливаа во групата на повозрасните.

Инаку, победник на “Илинденскиот маратон” е Евгениј Поп Ацев, трета година по ред, учествуваа 76 пливачи, 47 во машка и 29 во женска конкуренција од 19 клубови од 6 земји.

ohridnews