Со назначувањето на Докузовски за селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација се поизвесни се` и промените на нејзиниот состав.
По пензионирањето на досегашниот капитен Врбица Стефанов и негово назначување за спортски директор на репрезентацијата, прва задача на Докузовски ќе биде поставувањето на нов организатор на игра.
Доколку Владо Илиевски е здрав и подготвен, тогаш нема дилема кој ќе е прв носител на играта. Се поизвесно е и враќањето на Ѓорѓи Чековски во националниот состав, кој отсуствуваше заради влошените односи со претходникот на Докузовски, Арсиќ.
Без разлика кој ќе биде дел од составот на новиот селекторт за очекување е едно повисоко ниво на морал и дисциплина, поради фактот што Докузовски е многу ценет и почитуван од играчите, и како експерт и како човек.
Како тренер одлично ги познава и неговите играчи и неговите противници. Знае да ги искористи квалитетите на поединците и да ги вклопи во тимската игра, како и да не дозволи да бидат искористени нивните слабости во текот на играта. Специјалност му е поставување на одбраната, без разлика дали се игра против шутерска екипа, против екипа со предност во висина или продор кон кошот.
Многу работи ќе зависат од тоа кои ќе се нашите противници во квалификациониот циклус,но со ваков селектор, како и со широкиот ростер на играчи кој му се на располагање, пласман на следното Европско Првенство не би требало да претставува некој посебен проблем.
Титули: Шампион на Македонија: 1999-Годел Работнички (тренер на годината), 2009-Фершпед Работнички. Куп на Македонија: 2000-МЗТ Скопје Шампион на Бугарија: 2006 и 2007-Лукоил Академик
ГРК Охрид убедливо го совлада РК Куманово со 38:20 (полувреме 16:9) во натпреварот од 20 коло од Супер лигата, кој се одигра вечерва во „Билјанини Извори“ Најефикасен во редовите на „Гладијаторите“...
Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) во наредните четири години ќе ја води Александар Стефанов РФМ ги избра и членовите на новиот Управниот одбор каде ГРК Охрид ќе го претставува градоначални...
Клубот за подводни дејности Охрид 40 години е чувар на Охридското Езеро Низ годините и покрај сите предизвици и притисоци нуркачите реализирале бројни еколошки акции и притоа извадени се огромни ко...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.