Марија Шрајвер купила куќа од 10 милиони долари во Брентвуд, Лос Анџелес, само неколку милји оддалечена од куќата во која живеела со Арнолд Шварценегер. Таа поднела барање за развод откако поранешниот гувернер на Калифорнија и популарен актер признал дека има вонбрачно дете со жената која претходно работела за нив.


Интернет поратлите објавиле дека таа се одлучила за куќа во Брентвуд, дел од градот во кој се наоѓа и имотот на Арнолд Шварценегер, како полесно би го поднесувала заедничкото старателство врз двете деца.