Русинката Марија Шарапова која јавно го призна користењето на забренетите супстанции можеби никогаш нема да му се врати на „белиот спорт“.
Како што тврди првиот човек на руската тениска федерација, Шамил Тарпишчев, Шарапива се наоѓа во лоша психичка состојба по спласнувањето на бурата во јавноста.
– Марија е во многу лоша ситуација. Нејзината кариера е доведена под голем знак прашалник. Повеќе ме загрижува нејзината психолошка состојба него годините кога ќе се врати назад на терените. – рече првиот човек на федерацијата во Русија.
Пред месец дена Шарапова беше забележана од фотографите на плажа во опуштена атмосфера, но Тарпишчев тврди нешто друго.
Се уште не е обелодената суспензијата за Шарапова по јавното признање за користење на „Мидронат“ кој на забренатата листа се најде на 1 јануари годинава.
OhridNews