Една од најубавите тенисерки на светот Марија Шарапова ќе го изговори судбоносното „да“ на словенечкиот кошаркар Саша Вујачич на 10 ноември оваа година. Спортската свадба на годината ќе биде организирана во Истанбул, каде Вујачич моментално настапува за екипата Анадолу Ефес. Убавата тенисерка и еден од најдобрите кошаркари конечно одлучиле да одат еден чекор напред со својата врска.

Припремите за свадбата наголемо биле во тек, а како што пренеле руските медиуми, во Истанбул пристигнале десет агенти на младата и еден на младоженецот како би учествувале во организацијата на свадбата. Шарапова е најбогатата спортистка на светот со заработка од 25 милиони долари, па идната невеста и нејзиниот избраник составиле предбрачен договор. Се шушка дека адвокатските тимови на популарниот пар договорот го составиле во тајност.