Имено, бекот на актуелните прваци на НБА лигата се почесто може да се види во друштво на прекрасната тенисерка, 22-годишната Марија Шарапова, а според пишувањето на некои медиуми во прашање е многу повеќе од пријателство.
Така, NBC Philadelphia пренесува дека Вујачиќ и некогаш најдобрата светска тенисерка заедно го посетиле концертот на ирската рок група U2 на Rose Bowl стадионот, на кој разменувале нежности. Инаку, приказната прв ја открил новинарот Дарен Ровел на чии сознанија се надоградуваат и очевидците. Италијанската La Gazzetta dello Sport потсетува дека 25-годишниот Мариборец неодамна се доведуваше во врска и со холивудската актерка Кирстен Данст.