Убавата руска тенисерка Марија Шарапова му го кажала судбоносното ДА на словенечкиот кошаркар Саша Вујачич. Членот на Лос Анџелес Лејкерс ја запросил тенисерката на скара кај некои пријатели, а свадбата ќе следи наскоро, но сеуште не е одреден датумот.
Словенецот веста ја пренел на медиумите пред една средба на неговиот тим во Сан Диего. Ја запросил на годишнината од нивното запознавање. Тоа го сторил на романтичен начин, односно пред неа клекнал на колена. Додал дека таа се согласила и дека сега се најсреќни на светот.