Книгата ја промовираше Милчо Јованоски кој истакна дека учителката Марија Младеноска својот работен век го започна во Дебрца и низ професионалната кариера изведе многу генерации ученици.
На пошироката јавност Марија Младеноска и е позната и како голем активист на еколошкото друштво „Јагода“ од село Лескоец, член е на организацијата на србите во Охрид, како и на литературното друштво при градската библиотека.
На промоцијата присуствуваа голем број нејзини познаници и почитувачи кои и посакаа убави пензионерски денови и продолжување на нејзините активности по пензионирањето. Марија на сите им подари по еден подарок од нејзината најнова книга, а свеченоста ја збогатија и трубачи.
На Марија Младеноска и посакуваме плодни пензионерски денови.