Првата група фирми во Денвер, на кои им е дозволено да продаваат марихуана, ги добиле во саботата своите лиценци кои почнуваат да важат од 1 јануари. Градските власти во Денвер доделиле 14 дозволи за малопродажни објекти, 17 за одгледувачи и три лиценци за производители на стока која содржи канабис. Продажбата на марихуана на возрасни, во рекреативни цели, во Колорадо дозволена е повеќе од година дена, но продажбата на канабис во малопродажни објекти, како што се кофи шопови, ќе стане легална во осум часто утрото на 1 јануари.

Во државата Вашингтон, единствена покрај олорадо во која е дозволена продажбата на марихуана на возрасни, канабисот ќе може слободно да се купува од следната пролет. Во државата Колорадо ќе бидат отворени 348 кофи шопови во кои марихуаната ќе може слободно да се купува, додека во Вашингтон ќе бидат отворени 867 такви продавници. На прославата по повод доделувањето на лиценците во Денвер, еден бизнисмен на шега раскажал дека во 1971 година бил приведен, бидејќи во себе имал џоинт на концерт на групата Блек Сабат, додека останатите прославувале разменувајќи приказни за долгиот пат кој довел до легализација на марихуаната.