Во специјализирани продавници во кои во американската сојузна дражва Вашингтон се продава марихуана, дозволена е продажба на кекс, колачи и сокови со дериват на таа дрога, но истата не смее да се додава во бомобни, лижавчиња и слични прехамбени производи привлечни на децата. Вашингтон е втора американска држава која дозволува продажба на марихуана на возрасни лица во специјализирани продавници во склад со строго регулиран систем.

Државниот одбор за контрола на продажбата на алкохол и опојни средства кој ја регулира работата на овој сектор овјавил правилник за пакувањето и етикетирањето на производите со марихуана. Строго е додавање на дрогата во бомбони, лижавчиња и слични производи кои се привлечни за децата, а сите прехрамбени производи кои содржат марихуана мораат да имаат етикета со наведените состојки. На нив мора да биде назначена количината на марихуана, а производителот мора да гарантира дека нејзиниот дериват е рамномерно распределен во прехрамбениот производ. Прва американска држава кој ја легализирала продажбата на марихуана е Колорадо.