Пушењето на марихуана е помалку штетно од конзумирање на алкохол и цигари, пишува во документот од новата студија „Beckley Foundation’s Global Cannabis Commissiona“. Поради тоа законот за забрана за конзумирање на марихуана го сметаат неделотворен и повикуваат на повторно разгледување на законот за дроги.
Забраната има мало или никакво влијание на набавката на марихуана и ги претвори конзументите во криминалци.
„Иако марихуаната може негативно да делува на здравјето, вклучувајќи го и менталното, марихуаната е помалку штетна од алкохолот и цигарите“ – пишува во извештајот.
„Многу негативности поврзани со марихуаната потекнуваат од самата забрана, посебно општествени штети кои настануваат од апсењата и затворот.“ – се додава во студијата.
Во извештајот има податок дека во цел свет се забележани само два смртни случаи поврзани со марихуаната, а алкохолот и цигарите имаат далеку поголем број на смртни случаи.