Бугарските борци против одгедување на марихуана ја продолжуваат борбата буквално во предворјето на владината зграда. Имено, стебла на марихуана се пронајдени скриени меѓу цвеќињата пред седиштето на владата во Софија.

Фотографиите на насадот на канабис се објавени во списанието „Троуд“, а властите го признале проблемот кој веднаш бил решен.


„Со задоволство можеме да ве информираме дека проблемот веднаш и буквално е искоренет“ – изјавил владиниот портпарол.

Бугарската полиција во последните неколку недели изведува опсежна кампања против одгледувањето на канабис и во тој период се запленети 6 тони марихуана, вклучувајќи и одредена количина која е пронајдена во градината на еден свештеник.