Фудбалерите на Марибор и Легија Варшава остварија поволни резултати, во пресрет на реванш дуелите од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони.
 


Марибор, на Кипар, против АПОЕЛ, одигра 1:1. Македоснкиот репрезентативец во редовите на Марибор, Агим Ибраими на теренот мина 71 минута, а потоа бил заменет со Мејач.


Идентичен резултат, на гостински терен извлече и Легија против Молде, додека Селтик со многу мака го совлада шведскиот првак Елфсборг.

За една недела, супер интересен реванш ќе одиграат Лудогорец и Партизан, откако во првиот меч бугарскиот првак победи со 2:1.

Фенербахче против Салцбург, во Австрија, успеа да извлече реми 1:1, откако Кристијан постигна гол од пенал во 95-та минута.

Резултати:

АПОЕЛ-Марибор 1:1

Молде-Легија Варшава 1:1

Лудогорец-Партизан 2:1

Салцбург-Фенербахче 1:1

Селтик-Елфсборг 1:0

Одиграно во вторникот

 Шахтјор Караганди-Скендербег 3:0

Неме Каљу-Викторија Плзен 0:4

Австрија Виена-Хафнарфордур 1:0

Динамо Тбилиси-Стеауа 0:2

БазелМакаби Тел Авив 1:0

Нордсејеланд-Зенит 0:1

ПАОК-Металист Харков 0:2

Динамо Загреб-Шериф 1:0

ПСВ Ајндховен-Зулте Варегем 2:0

Олимпик ЛИон-Грасхоперс 1:0.

„Макфакс“