Русинката Марија Шарапова одлучи да му каже збогум на тенисот и да стави на кариерата во „белиот спорт.“ Шарапова својата одлука ја соопшти на социјалните мрежи.

32-годишната тенисерка која важи за една од најубавите спортски во женскиот свет, во текот на кариерата освои пет титули од грен слем турнирите и уште 32 од разно разни турнири каде што учествуваше.

Како можете да го оставите единствениот живот кој го познавате? Како можете да заминете од теренот на кој сте тренирале и играле од дете? Играта која ви носи радост и тага. Спорт во кој ја најдовте фамилијата и неверојатни навивачи кои ве бодреле повеќе од 28 години. Ова за мене е нешто ново и ќе ве молам да ми простите. Збогум на мојата прва љубов. – стои во текстот напишан од Шарапова.

Главната причина за повлекувањето на Русинката се честите повреди и не успехот да се врати во форма после паузата поради позитивниот допинг тест. Шарапова позитивна беше на Мелдониум и паузираше една година и 5 месеци.

OhridNews