Убавата актерка Маргот Роби, која се прослави со улогата во филмот „Волкот од Волстрит“, била вистинска сензација во жолт фустан на доделувањето на наградите на списанието „Harper’s Bazaar“. Младата актерка веројатно не планирала да ги покаже градите, но се случило токму тоа.
Пред да излезе од автомобилот, ја местела својата фризура, но притоа и се разместиле рамките од фустанот, па ѕирнала нејзината брадавица. Се разбира, папаравите го уловиле и тој дел од секундата, но тоа не и засметало на убавата австралиска актерка. Смирено ја поправила фризурата и излегла од автомобилот како вистинска дама.