Без голови и без победник заврши дерби пресметката помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити на Енфилд во рамките од осмата рунда во најсилната фудбалска лига во Англија.
Двете екипи одиграа тврд натпревар и не се осмелуваа комплетно да го нападнат голот на противникот. Конкретна и најголема можност за водечки погодок имаа гостите од Манчестер во 86-та минута кога Вирџил ван Дајк во казнетиот простор го собори Лерој Сане, а судијата Мартин Еткинсон досуди удар од белата точка. Одговорноста ја презеде Ријад Марез и погреши. Алижерот биеше високо над голот од Алисон Бекер.
Од ремито на дербито најмногу профитираше Челси кој претходно со 3-0 го совлада Саутемптон и се изедначи со Ливерпул и Манчестер Сити на врвот од табелата во Премиер лигата.
OhridNews