Некогашниот најдобар тенисер во светот, Енди Мареј го оперираше колкот кој му создаде големи проблеми и го оддалечи од терените последниве две години.
Со новата операција Мареј покажа дека не губи надеж и оти сака да му се врати на тенисот покрај најавите за повлекување. Мареј изгуби во првата рунда во Австралија Опен, а посака да заздрави до грен слем турнирот Вимболдон и таму да се повлече пред своите симпатизери.
- Се чуствувам исцрпено но се надевам дека болките ќе исчезнат. Сега имаме метален колк. – напиша на социјалните мрежи тенисерот.
Низ кариерата 30-годишниот тенисер освои 45 титули од кои две на грен слем турнирите. Мареј триумфираше на Вимболдон и УС Опен.
OhridNews