Од Т.Ц. Палома Бјанка па се до Собранието на Република Македонија, по целата должина на улицата Велко Влаховиќ, со бина свртена кон плоштадот Пела ќе биде местото на одржувањето на митингот на владејачката партија, информираа денеска од партијата. Неофицијално беше предвидено прославата да биде на Филип Втори Арената, а од партијата велат дека улицата Венко Влаховиќ била најдоброто решение за одржување на митингот.
Груевски на митингот ќе говори само за успесите на партијата. Под мотото „За татковината се работи, ВМРО-ДПМНЕ – партија на големи одлуки“ речиси педесет дена ВМРО-ДПМНЕ спроведуваше низа активности низ целата земја, со која се анимираа различни целни групи граѓани. Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски информираше дека сеуште не се знае кој ќе настапува во културно-забавниот дел на роденденската прослава.
За промената на датумот на роденденската прослава од ВМРО-ДПМНЕ како причина го наведуваат Самитот на Европската народна партија во Брисел, на кој треба да присуствува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски.
Извор:”Макфакс”