Шпански Виљареал е новиот шампион во Лигата на Европа. „Жолтата подморница“ во финалето од најмасовното клупско натпреварување го совлада Манчестер Јунајтед 11-10 на пенали. Регуларниот дел и продолженијата заврши 1-1.
Шпанците после половина час игра го отворија резултатот, погодувајќи ја мрежата од слободен удар. Морено се најде на вистинско место и ја смести топката во мрежата од Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“, иако напаѓаа до истекот на 45-та минута не успеаја да погодат и да изедначат.
Тоа им појде од рака на почетокот од второто полувреме. Топката после мешаницата во казнетиот простор стигна до Кавани, кој реализираше и изедначи. Продолженијата од мечот и двете продолженија од по 15 минути не понудија допадлив фудбал. Шанси имаше, но посериозна за втор погодок немаше.
Во пенал рулетот двајцата голмани потфрлија. Ниту еден не успеа да одбрани пенал до десеттата серија. Голманот на Виљареал реализираше, а Де Геа не погоди и шпанците заслужено се искачија на тронот од Лигата на Европа.
Завесата во клупскиот фудбал ќе ја спуштат англиските премиерлигаш Манчестер Сити – Челси, кои ќе се сретнат во финалето од Лигата на Шампиони.
OhridNews