Организацијата и одржувањто на 24 – то издание на најголемата спортска манифестација во Македонија, Охридскиот пливачки маратон, на површина ги исфрли сите наталожени проблеми кои години наназад се акумулираа. Овогодинешниот маратон квалитативно беше издигнат на највисокото можно ниво, а Охрид со својата природна убавина ги привлече најдобрите и водечките маратонци во генералниот пласман, но нивната борба под отвореното небо во водите на охридското езеро остана заматена од очајниот тек на подготовките за организацијата на најголемиот спортски настан во Македонија.
– Целата оваа организација минува во конфузност и не координираност на институциите. По завршувањето на маратонот сите се насмеани и се сликаат, но ние оваа недела поминавме низ вистински пекол. Охридскиот пливачки маратон е број еден манифестација и мора со поглема сериозност да му се пристапи на овај спортски настан. Потребно е да се размисли во правец на професионално ангажирање на поедници во целата оваа ораганизација, кои во текот на целата година би биле дел од техничката екипа, која ќе работи на сите оние работи кои ни се случуваа во пресрет на ова 24 издание, кои во иднина не сакаме да ни се повторуваат и да не` ни се случуваат. – вели Кочо Паскали преседател на Организациониот Одбор на Охридскиот пливачки маратон.
Наредната година е јубилејна 25 – та и очекувањата се “завојуваните“ страни Организациониот одбор и Пливачката федерација на Македонија да си подадат рака и да седнат на заедничка маса за да ја спуштат топката на земја .
– Ова е еден од најголемите спортски настани што се одржуваат во Македонија која има долгогодишна традиција. Агенцијата за Млади и Спорт го подржа овај маратон и покривме добар дел од средствата. За организацијата и текот на трката добивме доста позитивни забелешки од гостите и од натпреварувачите кои дел се редовни а дел за прв пат учествуваат на охридскиот пливачки маратон. Она што е воочливо е слабата координираност на субјектите кои го оргазнираат овај маратон. Ние како Агенција ќе направиме се наредниот јубилеен маратон да протекне, онака како што му доликува на една манифестација од ваков ранг. – истакна директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Диме Спасов.
Охридскиот пливачки маратон за прв пат се организираше во 1962 година, по неколку негови изданија во седумдесетите години, следуваше прекин, по што повторно беше возобновен во 1992 година. Охриѓани паметат дека овај маратон во првите години од своето возобновување знаеше да привлече илјадници гледачи на градското пристаниште.
– Да го вратиме сјајот на охридскиот пливачки мартон, тој мора да си го добие заслуженото место . Маратонот мора да прерасне во институција, па ние секоја година се бориме со едни те исти проблеми кои по правило на крајот ги надминуваме и пак организираме престижна манифестација. Охрид и охриѓани мора да се завртат кон водените спортови кои се препознатлив белег на градот. Според мене месецот август треба во целост да му припадне на спортовите на вода. Прво би се започанло со Илинденскиот КУП, (малиот маратон), потоа би се одржале едриличарската, кајакарската и веслачката регата и сето тоа би кулминирало со одржувањето на Охридскиот пливачки маратон – смета легендата на македонското маратонско пливање Нико Нестор.
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески исто така ја потенцираше важноста од посериозен пристап кон организацијата на спортски настани од овој калибар.
– Ова е најголема спортска манифестација и сметам дека треба многу повеќе да вложиме и ние како локална самоуправа, Пливачката федерација на Македонија, како и Агенцијата за Млади и Спорт. Не доволно се вложува во овај настан, ако може да се даваат милиони евра за разни спотови кои се емитуваат на светските канали сигурно е дека може да се одвојат средства за една беспрекорна организација на маратонот кој самиот по себе би бил промоција за Охрид и Македонија , а ефектот сигурно би бил далеку поголем – рече Петрески.
24- от Охридски Пливачки маратон заврши. Каква ќе биде поуката и дали ќе извлечат нешто од овогодинешното издание институциите и спортските работници директно поврзани со организацијата на манифестацијата, ќе каже времето. Сите инволвирани субјекти имаат доволно време од цела една година да ги согледаат проблемите и да побараат репение за истите, за сребрениот јубилеј на спортскиот настан број еден во Македонија биде запаметен по спортскиот дел, а не по неизвесноста за негово одржување.
ГРК Охрид го поздравува начинот кој го определи Ракометната Федерација на Македонија, а кој се однесува на делегирањето на судиските парови кои ја добиваат одговорноста да ја делат правдата на натп...
Во Скопје не очекува тежок натпревар против екипата на Вардар Со нив имаме одиграно неколку натпревари оваа сезона кои ги анализираме И покрај тоа што имаме неколку повредени играчи, мислам дека ќе...
Во рамки на третото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид гостуваат во Скопје кај екипата на Вардар Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но ние сме подготвени Имаме неколку повред...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.