Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 14 август. Пливачката федерација на Македонија ги извршила сите формалности за пријавувањето на маратонот, па тој се најде во календарот, иако со задоцнување. Календарот беше објавен уште во минатата година.



Охридскиот маратон е осма трка во Гран при-серијата. Пред него на 7 август е маратонот Лак Магог во Канада. По Охрид, има само уште една трка, таа во Дубаи на 27 октомври. Гран при-серијата почна на 14 јануари во Росарио, Аргентина.

Во ова натпреварување Македонија има само еден учесник, Евгениј Поп-Ацев, кој е на 11. место во Светската ранг-листа, на која има 26 пливачи.