Најголемата спортска манифестација во Македонија “Охридскиот пливачки Маратон“ кој годинава ќе го има своето 23 издание, ќе биде барем 20 % со послаб квалитет од минатогодишниот. Причините за тоа не се од светската економска криза туку светското првенство во пливање кое од 17 jули до 2 aвгуст ќе се одржи во Рим, Италија. ПФМ ја пропушти можноста да бара поместување на терминот барем за една недела порано.

Очекувам квалитетот на маратонот да опадне, а причината е тоа што на 17 jули започнува СП во Рим. На 19 – ти се плива трката на 5 км, а на 21 трка на 10 км. По откажувањето на маратонот во Шабац требаше да се побара нивниот тајмниг но што е тука е – вели Кочо Паскали од ПК Охридски Бранови“ кој е технички организатор на трката.

Втора година по ред на маратонот ќе плива и охриѓанецот Мариан Мирчески, листата на странски пливачи ја предводи седумкратниот победник Петар Стојчев, а досега на адреса на ПФМ пријавени се уште 9 пливачи од надвор. Македонските пливачи се очекува да ги предводи Томи Стефаноски кој минатата година како четврто пласиран стигна на целата.


Наградниот фонд на 23 пливачки маратон ќе изнесува 25.000 долари ,а традиционално ќе се плива на 30 км долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до пристаништето во Охрид.

М.Постоловски