Македонската маратонска Адријана Поп Арсова обезбеди настап на Светското првенство во атлетика, кое од 15-24 јули ќе се одржи во американскиот град Орегон, соопшти Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Според критериумот на АФМ во периодот од 28 јуни 2021 до 13 јуни 2022 Поп Арсова постигна најдобар резултат од сите атлетичари и со тоа обезбеди настап во најдолгата дисциплина.

Маратонската трка е на програмата на 18 јули.

Поп Арсова имаше забележителен настап изминатиот викенд на првата Балканска атлетска трка на 10 километри во хрватскиот град Карловац, освојувајќи го бронзениот медал.

OhridNews