На 2 август, маратонскиот пливач Александар Илиевски ќе се обиде да направи неверојатен подвиг, пливајќи 71 километар во Охридското Eзеро.

Илиевски кој е долгогодишен учесник од ФИНА трките во 3 после полноќ ќе тргне од Охрид, потоа ќе плива до Св. Наум, Поградец (Албанија), Струга и назад за Охрид.

Се гледаме во Охридското Eзеро. Св. Илија некаде ми даде сила и мирно езеро да издржам во остварување на овој подвиг кој претставува моја долгогодишна желба. Спортски поздрав! – напиша Илиевски.

Приказ како ќе изгледа рутата на Илиевски.

OhridNews