Маратонците до првата точка кај Љубаништа. По околу 40 минути од означување на стартот кај Свети Наум првата тројка ја предводи Александар Илиевски, а по него се Догукан Улач од Турција и италијанецот Алесио Очипинти.
Следната мерна точка на маратоците е кај Трпејца, а двете контролни бови се кај Пештани и Свети Стефан.
Патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри од Свети Наум до Охрид ја пливаат шест натпреварувачки во женска и девет во машка конкуренција.
Покрај домашните шест пливачи Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски, Леонид Мишевски, Кристијан Стојановски, Ивана Неделковска и Јована Неделковска учествуваат и двајца пливачи од Аргентина – Ерика Јенсен и Матијас Дијаз, тројца од Италија – Елена Лионело, Марко Инглима и Алесио Очипинти, двајца од Турција – Туна Ердоган и Догукан Улач, како и Марсел Шоутен од Холандија и Каролин Жуис од Франција.
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска