Во тек е трката на овогодинешниот 35-ти Охридски пливачки маратон. Во моментов  пливачите се наоѓаат кај Трпејца.

Во водство е Франческо Гетини од Италија, а веднаш зад него се Матијас Дијас Хернандес, Александар Илиевски и Арне Фурлан Штулар, кои ја сочинуваат водечката четворка.

Осуммина пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка ја пливаат патеката „Климе Савин“ до Охридското пристаниште во должина од 25 километри.

Маратонците ја започнаа трката во 10 часот од Св. Наум каде беше означен и стартот од страна на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Во категоријата мажи се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово.

Единствената девојка на годинашното маратонско издание е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

Пристигнувањето на целта се очекува по 14 часот.

OhridNews