На маратонот одржан  на северниот пол, на температура од минус 36 степени, учествувале 38 тркачи од 13 земји и шест континенти. Патеката прв ја поминал рускиот атлетичар Јевгениј Горков за многу добро време – четири часа и 27 минути. Меѓу учесниците на маратонот кој се одржува од 2003 година бил и еден оперски пејач од Британија кој патеката ја истрчал за девет и пол часа.


Тој на новинарите им изјавил дека за учество на маратонот се подготвувал во разладната комора на една месарница. Сите тркачи носеле три слоја дебела облека. Морале да носат и специјални очила, за да се заштитат од воспаление кое може да биде предизвикано од сончевите зраци што се одбиваат од снегот.