Мараја Кери наводно е во љубовна врска со австралискиот милијардер Џејмс Паркер. Парот е виден во Италија како шетаат држејќи се за раце. Се зборува дека поранешниот сопруг Ник Кенон постојано ја искористувал финансиски, па многумина се радуваат што Мараја пронашла партнер кој е побогат од неа.

 

Нејзиното богатство е проценето на 100 милиони фунти, додека Џејмс е тежок две милијарди. Мараја после разводот од Кенон била сама година дена, а на насловните страни се најде ни крива ни должна кога Бритни Спирс изјави дека сака да го осликува своето голо тело слушајќи ги хитовите на славната дива.