Поп пејачката Мараја Кери е хоспитализирана поради повреда на рамото која ја добила за време на снимањето на својот нов спот, соопштил нејзиниот портпарол. Како што пишувало во соопштението, лекарите и го наместиле рамото и сега таа се чувствувала добро.

Таа го снимала спотот за ремикс верзијата на нумерата “(hash)Beautiful” со раперот Јанг Џизи, а спотот го режирал нејзиниот сопруг Ник Кенон. Пејачката оваа година ќе го издаде својот нов албум.