Изминатава недела разменуваа нежност ширум Европа, а сега продолжуваат да уживаат во својата љубов крстарејќи по Медитеранот. Мараја Кери не може да се одвои од новото момче, милијардерот Џејмс Пакер, а ни од неговата луксузна јахта вредна 50 милиони долари. Пакер е еден од најбогатите во Австралија, а иако не важи за убавец, имал врски со многу славни убавици, вклучувајќи ја и Миранда Кер.

 

Неговите врски воглавно биле тајни, но романсата со Мараја не ја крие. Парот не се воздржува од разменување бакнежи, прегратки и милувања во јавност, иако постојано се следени од папараците. На пејачката не и смета ниту тоа што на јахтата со нив се и нејзините четиригодишни близнаци Монро и Марокан. Сепај, децата повеќе време минуваат со дадилките, отколку со мајката, која е зафатена со своето ново момче. Извори велат дека толку се вљубиле што веќе планираат свадба. Поп дивата наводно сака повторно да се венча, штом и официјално стави крај на бракот со Ник Кенон, таткото на нејзините деца.