Пејачката ги родила своите близнаци на денот кога со Ник Канон (30) слави три години брак. Мараја Кери (41) прво го родила девојчето, кое тежело 2.35 кг, а потоа и момчето тешко 2.43 кг. Девојчето е долго 45.7 сантиметри, а момчето 48,26 сантиметри. Ник својата сопруга во болницата во Лос Анџелес ја одвел со нивниот Ролс Ројс.
-Беше толку возбуден што прво го паркира автомобилот пред погрешен влез и отиде во погрешен оддел од болницата, раскажува портпаролот на Мараја.
Откако Мараја ги родила близнаците, таа и Ник со децата ја слушале нејзината песна ‘We Belong Together’.